Агенти ги сликаат билбордите на партиите и ѕиркаат на изборните сметки

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Филип Корувин е еден од 17-те набљудувачи на антикорупциска комисија кои се на терен секојдневно. Ги следат рекламите на интернет и на локалните медиуми, ги откриваат и лоцираат партиските изборни штабови, ги сликаат билбордите и на крај прават мапи со точните локации.  Комисијата проверува дали се платени и пријавени од партиите и дали билбордите се ставени на планираните места. Филип е задолжен за Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово.

Ваква проверка и мапирање е новина во изборната работа на антикорупционерите. Комисијата за за првпат има директен секојдневен пристап до банкарските сметки на партиите и на нивните изборни кампањи, веќе почнала да ѕирка во трансакциите иако до утре ќе мора сите банки да го овозможат техничкиот пристап до изборните клиенти.

Приговорите беа основна работа на ДКСК до последните избори, но овие во време на ковид изостанаа на почетокот на изборниот процес. Дури денеска на 8от ден од кампањата примени се трите први приговори за злоупотреби, поднесени од опозицијата.

Во рок од 5 дена комисијата треба да ги разгледа приговорите и да донесе одлука. Досега нема граѓанска пријава дека има злоупотреби на службени државни автомобили или поткуп на гласачи што е веќе испробана можност за граѓанска борба против изборна корупцијата.

Првите три приговори за злоупотреби во изборна кампања денеска стигнаа во антикорупциска комисија. Опозицијата ги поднесе за власта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *