Одржувањето на брзи избори во пандемија е злосторство !

На парламентарните избори 2020 излезете масовно да кажете „не“ на згазеното достоинство и сиромаштијата. Верувајте силно во големите промени кои ќе ги правиме заедно! Нашата мисија Да ја вратиме СИЛАТА КАЈ НАРОДОТ!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Глас за Македонија  прашува дали воопшто може и смее да се размислува за брзи избори во услови на целосно непредвидливо однесување на смртоносниот вирус? Веќе сега, според бројките на ново заразени, ги гледаме резултатите од неодговорното однесување за време на празниците. Ниту намалениот број на тестови, ниту фаличната епидемиолошка анкета која не содржи цели 6 отпосле додадени симптоми, не можат да ја сокријат реалноста. Болеста се шири, здравјето и животот на граѓаните се во опасност. Кои се тие фер и демократски избори (кои тоа не се ниту во нормална ситуација) каде се оди со непречистен избирачки список, директно од карантин во изборна кампања, без доволен број на набљудувачи, во мали простории, со личен контакт без потребната социјална дистанца на одборите и гласачите?! Дали е нормално да не работат образовните институции, а за избори да се оди со главата во торба по секоја цена?! На власта и одговара најмала можна излезност, каква секако ќе биде во овие услови. Ова е ловење во матно. Наместо да слушаме чист фолклор од типот овој или оној “бега од избори“, јасно им порачуваме дека граѓаните ќе бегаат од таквите опасни по животот, избори. И со право. Глас за Македонија не сака да лицитира со датуми, бидејќи датумот за избори треба да е исклучиво одреден од пошироката епидемиолошка слика. Кој смее да споменува месеци и датуми? Знаат нешто што ние не знаеме за однесувањето на вирусот? На чиј товар ќе падне ширењето на заразата кое неминовно ќе ни го забрза доаѓањето на вториот бран?! Иако сме во правен вакуум, тоа е помало “зло“ за кое со консензус може да се најде решение. Истите кои комотно кршеа Устав, закони, деловник, делеа селективни амнестии, сега станаа големи почитувачи на правото. Но, за се има решение освен за изгубените животи. Глас за Македонија бара сите лидери на партии кои поднеле листи за парламентарните избори итно да бидат повикани на средбата кај Претседателот. Зошто се тие исклучени и не можат да го кажат својот став, а сите тие се учесници во овој процес?!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *