Загрижувачка девалвација на доларот во 2021

Поранешниот претседател на банката „Морган Стенли Азија“, Стивен Роуч, предупреди дека американскиот долар, следната година може да доживее вистински крах, односно да девалвира дури за една третина.

-Тоа може да доведе до нагло опаѓање на заштедите на домаќинствата по успешното закрепнување по кризата на главните трговски партнери на САД, вели Роуч и нагласува дека ерата на „прекумерните привилегии“ на американскиот долар како главна светска резервна валута се доближува до крајот.

– Валутите воспоставуваат рамнотежа меѓу внатрешната економска основа на земјата и надворешната перцепција за нејзината сила или слабост, изјави тој за Блумберг и додаде дека во САД таа рамнотежа брзо се менува, поради што во блиска иднина може да се очекува крах на доларот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *