Македонија оди на избори на 15 јули, дипломатска поддршка за договорот на Заев и Мицкоски

Македонија оди на предвремени парламентарни избори на 15 јули. По неколку месеци натегања и две неуспешни лидерски средби Зоран Заев и Христијан Мицкоски со телефонски разговор го потврдиле изборниот датум.

„Бараа 15 јули, еве им 15 јули. Понеделник 13 и 14 ќе бидат денови за да гласаат болните и изнемоштени, но и оние кои се заразени со короан и се во самоизолација. Молкот почнува на 12 јули, во недела.“ изјави Заев.

Власта ги прифати условите кои ги побара вчера лидерот на опозицијата. Христијан Мицкоски преку фб го најави учеството на изборите на договорениот термин. Порачува победа на ВМРО-ДПМНЕ. Го повикува народот на гласање на 15-ти јули.

„На изборите на 15 јули, среда ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и зардно со народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и СДСМ. Двата услови кои ги баравме се прифатени, прво протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, второ ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните“ – изјави Мицкоски.

На 15 јули ќе се гласа од 7 до 21 часот навечер. Во меѓувреме ќе се бараат интервенции од неколку институции.

„Претседателот Стево Пендаровски да прогласи вонредна состојба, а во тој период Владата да ги прогласи за неработни денови од понеделник до среда. Талат Џафери ќе треба да направи корекција на последната одлука и наместо 12 април, да се интервенира во датумот, 15 јули.“ – изјави Заев.

ДИК попладнево во полн состав одржува координација, брифираат од таму за ТВ24. Членовите на државната изборна комисија, без првиот човек Оливер Дерковски беа на средба во Владата денеска со премиерот Спасовски, министрите Дескоска и Филипче. Се разговарало за организациски и технички прашања од соработка со институции, дезинфекција на гласачки места.

ОБСЕ/ОДИХР веќе распиша конкурс за ангажирање на експерти кои треба да ги набљудуваат изборите, а избраните кандидати би требало да пристигнат во земјава за четири дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *