Меѓу денеска починатите е 31 годишна трудница од Гостивар

Една од најмладите пациенти кои ја изгубија битката со коронавирусот, а е меѓу денешните случаи, е 31 годишна жена од Гостивар која била бремена.

Болнички извори за „А1он“ тврдат дека жената првично била донесена на Гинеколошко-акушерската клиника, било констатирано дека е позитивна на Ковид-19 и на 26 мај родила мртов плод.

Веднаш потоа, жената била префрлена на Инфективната клиника каде што биле вложени сите напори, но нејзината здравствена состојба била исклучително тешка.

„Навистина се направи се што можеше. Секојдневно ја следевме, но во последниве десетина дена нејзината состојба се повеќе се влошуваше“, велат извори од клиниката.

Ова е втора трудница која почина во земјава како последица на коронавирусот. Претходно почина 27-годишна жена од Куманово, која претгодно роди здраво бебе, негативно на Ковид-19.

Позитивен на коронавирусот беше и нејзиниот свекор, кој исто така почина.
Би можело да ве интересира
Филипче: Шеснаесет медицински сестри од ГАК се во изолација, но не од случајот со родилката
Рекордна бројка: 196 нови случаи на Ковид-19, починати се 8 лица
Тетовската полиција извршила речиси 700 контроли за изолација за 24 часа
Воено медицинскиот персонал се вклучи во тестирањата за Ковид-19
Покрај градоначалникот, уште еден заразен од коронавирус во општина Гази Баба
Десет нови позитивни на Ковид-19 во гостиварскиот регион

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *