Дачиќ – Димитров: С. Македонија ќе ги отвори своите граници до крајот на месецот

По состаноците на министрите за надворешни работи на Србија и Северна Македонија, Ивица Дачиќ и Никола Димитров во Ниш, беше објавено дека С. Македонија ќе ги отвори своите граници за патниците од Србија и другите земји до крајот на месецот, пренесе РТС.

Оригиналниот план на Владата беше датумот да биде на 15 јуни, но тој ќе биде утврден во зависност од развојот на епидемиолошката состојба во државава.

Министерот Дачиќ најави трилатерална средба со колегите од Грција и од Македонија, на која ќе се разговара за деталите за преминот на патниците низ овие три земји.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *