Охриѓанец во Струга со возило го удрил велосипедист

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, ОВР Струга до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 28 годишен Охриѓанец.
Тој, на 11.05.2020 година во 18.40 часот, на улицата „Партизанска“ во Струга, поради неприлагодена брзина на движење, недржење страна и правец на движење, со возило го удрил Д.И.(40) од Струга, кој, на десната страна од коловозот, управувал велосипед и му предизвикал тешки телесни повреди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *