Богојески: Доста трпиме злоупотреба на политичка моќ – едните зборуваат само за избори, другите го злоупотребуваат МВР

ФБ статус на лидерот на „Македонски концепт“ Петар Богојески. Богојески својата објави ја наслови: Доста трпиме!

Во продолжение пишива:

Бројката на новозаболени изминатите денови покажува дека немаме спас од политичкиот пазар во земјава. Дека треба еднаш засекогаш сите мерки во државата да важат за сите подеднакво!

Политичките партии ја злоупотребуваат политичката моќ, едните зборуваат само за избори, другите го злоупотребуваат МВР, за да создаваат хаос во земјава!

Треба да има нула толеранција за непочитување на законите!

Само така нема да има поделби. Нема ништо поважно од тоа да бидеме свесни дека сите заедно сме во ова, дека болеста не бира етничка и политичка припадност, дека со пазарање за прикривање очи пред кршење на мерките не правиме никому добро.

Станавме заложници на купување политички поени!

Да не беше тоа, бројката денеска сигурно ќе беше едноцифрена на заболени. Време е да се свестиме сите и доста трпиме!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *