Австралија бара меѓународна истрага за создавањето и ширењето на коронавирусот

Австралија ја проблематизираше транспарентноста на кинеските власти при реакцијата на епидемијата на коронавирусот и побара отворање меѓународна истрага за создавањето и ширењето на коронавирусот.

Се верува дека коронавирусот настанал на пазар на диви животни во кинескиот град Вухан во декември 2019 година.

Од тогаш се заразени над 2,3 милиони луѓе, а над 160.000 умреа.

Австралиската министерка за надворешни работи Марис Пејн кажа дека е исклучително загрижена поради кинеската (не)транспарентност околу епидемијата на коронавирусот.

„Прашањата околу коронавирусот се прашања за независна истрага и мислам дека е важно тоа да го направиме“, кажа Пејн. „Всушност, Австралија апсолутно ќе инсистира на тоа“.

Австралија ја стави епидемијата на вирусот под контрола и во последните 24 часа се забележани 53 нови случаи, а вкупно 6.586, според податоците на министерството за здравство.

Во Австралија умреа вкупно 71 лице.

Веќе седми ден по ред зголемувањето на бројот на заразените е помал од 1 отсто.

Односите на Австралија со Кина, која е нејзин најголем трговски партнер, се заострени, а Канбера го обвинува Пекинг за мешање во австралиската политика.

На крајотна 2019 повеќе австралиски медиуми објавија дека кинеските власти се обидлее да инфилтрираат свој шпион во австралискиот парламент, кој требало да се кандидира на изборите како член на владејачката Либерална партија.

„Мојата доверба во Кина се одредува долгорочно. Мојата загриженост е околу транспарентноста во обезбедувањето отворена соработка“, кажа Пејн.

Додека Австралија бара истрага, американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека Кина би можела да сноси последици поради одговорноста за пандемијата.

Пекинг ги отфрла обвинувањата за нетранспарентност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *