Охрид се полни со сопственици на станови од цела Македонија

Охрид во пресрет на големиот верски празник Велигден се полни со возила од други градови .За само 24 часа, во текот на вчерашниот ден  регистриран е влез на повеќе од 300 моторни возила а се очекува оваа бројка да биде значително поголема информираа од Општинскиот кризен штаб.

Независно од најавениот полициски час во главниот туристички центар  нема да има туристи но сепак ќе има гости од други градови сместени во нивните викенд станови или куќи.

Се упатува АПЕЛ до сите граѓани кои туристички престојуваат во викенд становите и куќите на територија на градот Охрид и крајбрежните населени места, да се придржуваат до сите препораки за превенција и заштита од Корона вирусот Ковид-19. Се апелира особено да се почитува Полицискиот час, забраната за групни собири и прослави, препораката за држење на соодветно растојание на јавен простор, соодветно депонирање на отпадот и носење на соодветна заштитна опрема. – истакнуваат од Општинскиот кризен штаб.

Oд Центарот за Јавно здравје на став дека единствената заштита, во овој момент, е да се остане дома.

Пред сите поголеми маркети во градот се поставени редари кои спроведуваат ред и ограничување на бројот на лица кои влегуваат во маркетите.

Од СВР Охрид пак најавија дека од денеска ,во текот на претстојниот викенд, кога  се одбележува христијанскиот празник Велигден, сѐ до вторник кога на сила ќе биде забраната и посебниот режим на движење +ќе врши интензивни контроли на сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, во викенд населбите, како и на верските храмови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *