САД ги стопираат уплатите за СЗО

Доналд Трамп објави оти привремено ќе го прекине финансирањето на Светската здравствена организација.Претседателот на САД смета дека СЗО потфрлила во борбата против пандемијата на коронавирусот и е „прокинески“ настроена

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека и’ наложил на својата администрација да го запре финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО) поради начинот на кој реагираше на пандемијата со коронавирусот, пренесува Гласот на Америка.

Трамп на конференцијата за новинари во Белата куќа рече дека СЗО „не ја извршила својата основна должност и оти мора да одговара“.

САД – најголем уплатувач во СЗО

Тој додаде дека СЗО промовирала „дезинформации за Кина за вирусот“ што, како што наведе, веројатно довело до поголема епидемија отколку што, во спротивно, би било случај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *