Здравко Чолиќ во солзи: „Што доживеав… во сопствената куќа да не можам да им пријдам на своите деца“

Бидејќи Здравко Чолиќ, најголемата пејачка легенда во поранешна Југославија, има 68 години, тој мораше итно да се изолира.
Чолиќ има две ќерки тинејџерки, со кои тој и сопругата живеат во прекрасна вила во Белград. Пејачот се засолнил во едно крило на куќата, кое сега е резервирано само за него и тој воопшто не се ни гледа со децата. Се среќава со неговата сопруга Александра, која му носи ручек и сè што му треба.

„Пред да пристигне заразата во Србија, ќерките на Чола, Уна и Лара редовно оделе на училиште, а постарата Лара често патувала во и надвор од Србија, така што сега тие морааат се држат настрана од нивниот татко и воопшто да не му приоѓаат. Поточно, тие воопшто не го ни гледаат“ – објаснува семеен извор за „Скандал“ и додава:

Мора да мине најмалку еден месец за да се осигураат дека Лара и Уна се здрави,  дури тогаш тие ќе можат да бидат со својот татко без да има ризик. Сепак, ова на Чолиќ тешко му паѓа. Тој е многу приврзан кон нив, сака да поминува време заедно со нив, често ги носи на ручек, понекогаш одат на заеднички прошетки, а сега им е одземено сето тоа. Чола на својата сопруга со насолзени очи и рекол: „Што доживеав, да морам да се кријам од родените деца во сопствената куќа!“ – раскажува изворот и додава:„И тој им недостасува на Лара и Уна, но бидејќи се свесни дека сето ова може да биде опаасно за малку повозрасни луѓе, тие решија да бидат трпеливи. Тие дури и го тешат преку видео повик, па му велат: „Не плачи тато, само внимавај на себе!“

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *