Прима плата од 1 долар годишно, а минатата година потрошил 23 милиони долари

Закерберг, извршниот директор на компанијата „Фејсбук“, минатата година потрошил значајно повеќе пари отколку во 2018-та година.

Фејсбук потрошил над 23 милиони долари на безбедноста и авионските патувања на извршниот директор на таа компанија, Марк Закерберг во текот на 2019-та година, покажуваат податоците од финансиските извештаи кои што биле објавени во петокот.

Тоа покажува дека Закерберг, минатата година потрошил значајно поголема сума на пари отколку во 2018-та година кога за тие потреби потрошил 20 милиони долари, додека пак во 2017-та година потрошил 9.1 милион долари.

Годишната плата на Закерберг и понатаму е еден долар, додаваат од „CNBC“. Во средствата кои што се издвоени за патувањата и безбедноста на Закерберг вклучени се 10.463.717 долари наменети за трошоци поврзани со неговата лична заштита, во неговиот дом и неговите лични патувања.

Фејсбук во текот на 2018-та година потрошил 9.95 милиони долари на лично осигурување на Закерберг, а во 2017-та година 7.5 милиони долари.

Според податоците од финансиските извештаи, Закерберг исто така барал да добива по 2.95 милиони долари за приватни патувања со авион.

Во текот на 2018-та година тој за истата потреба потрошил 2.59 милиони долари, а во текот на 2017-та година 1.52 милиони долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *