Операторот А1 се изјасни за видеото во Боговиње, не станува збор за 5Г технологија

Изминативе денови граѓани на Општина Боговиње објавија видео каде се гледаат работници како работат на еден предавадел на телефонските оператори. Видеото беше придружено со коментари и сомнежи дека се инсталира 5Г технологија па како последица почнаа да се шират лажни вести и забуна меѓу населението.

На прашање на градоначалнилот на Општина Боговиње, операторот А1 во чија сопственост е предавателот, одговорија дека станува збор за подобрување на мрежата заради зголеменото користење на интернет услугите за време кога граѓаните не излегуваат надвор.

„Во оваа вонредна состојба бележиме зголемен обем на говорен сообраќај како и зголемен интернет сообраќај кој е видливо повисок од вообичаено, што е резултат на прилагодувањето на компаниите на новонастанатата состојба со работа од дома и на останувањето на нашите корисници дома согласно мерките за заштита од коронавирусот“, стои во одговорот на А1.

Од овој оператор демантираа дека станува збор за инсталирање на 5Г технологија и потсетуваат дека фреквенциите за комерцијално користење на 5G услуги се уште не се доделени од страна на Агенцијата за електронски комуникации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *