Мексико привремено го запре производството на пивото „Корона“

Мексиканската пиварница „Модело“ чиј бренд е пивото „Корона“ привремено го запре производството поради идентичното име со вирусот што го тресе светот. На интернет веќе се појавија информации за пад на неговата продажба во САД што, сепак, го демантира компанијата.

„Би-Би-Си“, сепак, напоменува дека стопирањето на произвството на пивото нема никаква врска си името „Корона“, туку затоа што работата на „Групо Модело“ во Мексико е окарактеризирана како непотребна во време на кризата.

Одлуката за запирање на производство на „Корона“ ќе стапи во сила од утре и ќе трае до 30 април, како дел од мерките на мексиканската Влада за спречување на ширењето на ковид-19 во земјата.

Пивото „Корона“ се извезува во 180 земји во светот и овој мексикански пиварски бредн се најде на удар на шеги низ светот во екот на глобална пандемија на коронавирусот.

Мексико досега потврди 1.500 случаи на заболени лица во земјата, а како последица на инфекцијата починаа најмалку 50 Мексиканци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *