Косовo ја укина таксата на увозот од Србија и Босна и Херцеговина

Косовскиот премиер во оставка Албин Курти доцна синоќа објави дека од денеска во сила e одлуката на Владата за укинување на таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина, јави  дописникот на МИА од Приштина.

Обраќајќи им се на новинарите на пауза од вечерашната седница на неговиот кабинет, Курти нагласи дека во исто време е одлучено да започне спроведувањето мерки на реципроцитет кон Србија, а кои нема да се однесуваат на БиХ.

– Ова е мерка за спроведување постепен реципроцитет како принцип во односите со Србија. Во трговските односи називите кои се користат во документите треба да бидат во согласност со Уставот на Република Косово и законите кои се во сила (…) За одлуката која ја носиме вечерва се задолжуваат да ја спроведуваат граничната полиција, царините, Агенцијата за храна и ветеринарство, Агенцијата за медидицински производи и опрема, како и другите надлежни институции, изјави Курти.

Тој нагласи дека одлуката, која стапува во сила ноќеска на полноќ, е со важност до 15 јуни, кога ќе се согледаат ефектите на нејзината примена.

– Мерките на реципроцитет, односно на меѓусебни односи, се институт на односи меѓу суверени држави, кој е признаен според основните принципи на меѓународното право, изјави Курти, спомнувајќи конретни меѓународни документи и принципи кои тоа го регулираат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *