Продолжуваат интензивните превентивни активности за дезинфекција на јавните површини во Охрид

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска продолжија со реализација на интензивните и вонредни превентивни активности за дезинфекција на јавните површини на подрачјето на Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиески.

Активностите се спроведуваат во согласност со оперативниот план и препораките за превенција од ширењето на Корона вирусот Ковид-19.

Дел од екипите на претпријатието денеска беа ангажирани и за расчистување на остатокот од песок кој како резултат на зимското одржување, беше задржан на коловозот на улицата „15-ти Корпус“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *