НАЈНОВА ВЕСТ: Една докторка од охридска „Трансфузиологија“ позитивна на „Ковид 19“
Една докторка од „Трансфузиологија – подрачна единица Охрид“ е позитивна на вирусот „Ковид 19“ – дознава „Охрид 1“ од свои извори во Министерството за здравство .
Секој момент Министерството за здравство официјално ќе ги соопшти најновите информации за состојбата и бројот на новозаболените лица во земјава.
Одделението за „Трансфузиологија – подрачна единица Охрид“ е затворено од 19 март од како се констатирало дека лице кое било во самоизолација не се придржувало до препораките и било присутно на „ Трансфузиологија“.