Кога угостителите ќе стивнат

За само еден месец, нов глобален вирус смести четвртина од луѓето на планетата Земја во изолација во нивните домови, според последната денешна дата достапна од Светската здравствена организација. КОВИД 19 не држи дома со недели, а можеби ќе остане така со месеци. Нашата реалација со надворешниот свет и со владата веќе се менува. Бизнисот веќе го вознемируваат прашањата како ќе се продолжат нештата понатаму ако државите останат долго затворени. И како воопшто ќе изгледа животот. Едни од оние кои веќе точно знаат што нема да се случи во блиска иднина се угостителите. Во целата економија, тие беа првите што мораа да стават клуч на бизнисите привремено. Но, кога социјалното дистанцирање е главен предуслов за борба со вирусот, тие се прашуваат што значи тоа привремено и како ќе издржат луѓето што ги водат бизнисите во кои што главен ресурс за приходи е што помасовната социјализација.

Пред само неколку недели луѓето од овој бизнис ги приготвуваа и служеа нашите утрински капучина, неделни ручеци, ќебапи и пива со пријателите, грижливо ги подготвуваа коктелите по работа со колегите, со мерак ни го правеа мезето пред скарата.  Работите на 29,000 од овие луѓе стануваат неизвесни. Угостителите бараат помош. Погледнете ја нивната приказна во дневниот 3 минутен ИРЛ влог.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *