Забрана за движење од 16 до 05 часот за време на викендите

Владата, на денешната седница, донесе одлука со која во викендите се забранува движењето на сите граѓани од 16 до 5 часот за да се забави ширењето на коронвирусот и да се заштити населението.

Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани. Ви препорачуваме да ги почитувате сите препораки и мерки од надлежните институции, изјави Муамед Хоџа, портпарол на Владата.

Во моментот на сила е полицискиот час на територијата на цела држава кој важи од 21 до 05 часот. За малолетните забраната за движење е од 21 до 12 часот а за лицата постари од 67 години од 11 до 05 часот наредниот ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *