Судбината на новата косовска влада треба да биде одлучена до среда

Ова денес го потврди косовскиот министер за земјоделство Бесијан Мустафа.

„Предлогот ќе биде разгледуван во косовскиот парламент, бидејќи тоа е одлуката на ДСК“, кажа Мустафа.

Тој кажа и дека претходно од Институтот за јавно здравје ќе се побара мислење дали во ситуацијата на пандемија има услови за одржување на седницата.

Според косовските закони, барањето за гласање недоверба се става на дневниот ред на парламентот најдоцна пет дена од приемот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *