Полицискиот час го прекршиле 18 лица

МВР од вечерва нема да ги толерира граѓаните кои се движат без дозвола за време на  полицискиот час. Вчера на првиот ден од прогласувањето на полицискиот час, биле издадени  74 предупредувања, а приведени18 граѓани. Дел од приведените се противеле на полициското предупредување, други имале оружје.

„Полциските службеници во текот на изминатата ноќ од слобода лишија вкупно 18 лица. И тоа, пет лица на подрајчето на Тетово и две лица на подрачјето на Гостивар, коишто и покрај опомената и укажувањата на полициските службеници не постапиле по укажувањето, туку агресивно се однесувале кон полициските службеници по што, истите се лишени од слобода. На територијата на Куманово се лишени од слобода две лица коишто не ја почитувале забраната за движење, меѓутоа кај кои е најдено и оружје. Во Радовиш лишени од слобода се две лица, а едно лице во Штип и шест лица во Кочани“, рече Наќе Чулев, министер за внатрешни работи.

Чулев бара забраната за движење наместо од 21 да почнува од 18 часот и да трае до 6 часот наутро.

„Се залагам за преземање на најстроги мерки со цел надминување на последиците кои од ден во ден се сè посериозни и за поригорозни ограничувања на движењето на граѓаните со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид-19“, додава Чулев.

Исклучоци од полициски час се итните медицински случаи, ако треба да купите лек во аптека, но за ова ќе мора да покажете медицинска документиација. Со посебни дозволи можете да одите на работа ако сте во ноќна смена, како дистрибутерите, пекарите… Но засега е нејасно дали ќе може во тоа време да користете такси превоз.  Последните автобуси на ЈСП ќе сообраќаат меѓу 19 и 20 часот, а првиот после шест часот наредниот ден.

Исклучок: Итна медицинска помош, аптека со приложување на медицинска документација

Исклучок за професии: Полиција, армија, медицински персонал, вработени во приватни компании со издадена дозвола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *