Во Албанија уште три жртви на коронавирусот

Албанија денес пријави дека уште три лица умреле од коронавирусот.

Министерството за здравство на таа земја соопшти дека еден 71-годишник починал доцна синоќа, додека утринава починале 43-годишник и еден 61-годишник.

Во Албанија вкупно четири лица починаа од новиот вирус ковид-19. Потврдено е дека се заразени 89 лица.

Земјата не пријави ниту еден случај на зараза пред две недели и тогаш соопшти дека очекува пораст на бројот на заразените оваа недела.

Албанија во меѓувреме ги затвори границите и го укина јавниот и приватниот сообраќај. Затворени се училиштата, угостителските објекти и сите продавници освен прехранбените и аптеките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *