АНГЕЛА МЕРКЕЛ СО НЕГАТИВЕН ТЕСТ НА КОРОНАВИРУС

Ангела Меркел имаше негативен тест на коронавирус, објави портпаролот на германската влада, додавајќи дека таа ќе биде подложена на дополнителни тестирања.

Германската канцеларка синоќа се стави во карантин откако била информирана дека лекарот кој во петокот ја вакцинирал имал позитивен тест на коронавирус.

„Тестот е негативен. Ќе бидат направени дополнителни тестирања“, изјави портпаролот.

Меркел во петокот од претпазливост примила вакцина против белодробна инфекција. Шефицата на нејзиниот кабинет Хегле Браун кажа дека Меркел имала краток контакт со заразениот лекар.

„Ангела Меркел е здрава, но работи од дома“, изјави денеска вицеканцеларот Олаф Шолц.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *