Угостителските објекти нема да работат по 18 часот, се затвораат теретаните, кината, театрите

Се затвораат угостителските објекти, кладилниците, казината и сите места каде има масовни собирања по 18 часот, а се откажуваат сите театарски претстави и концерти и кино проекции. Ова е новата мерка која треба да го превенира ширењето на коронавирусот во земјава.

Филипче апелира и до свеста на луѓето да ги почитуваат препораките и да се воздржуваат од излегување особено на јавни места. До мерките на владата да нема јавни и приватни собири на луѓе строго ќе треба да се придржуваат и верските заедници.

Во меѓувреме се чекаат резултатите на нов сомнителен случај на заболен со коронавирус, а кај тројцата повозрасни пациентите од деветте со Ковид-19 кои се хоспитализирани, состојбата е лесно влошена, но како што информираше министерот за здравство Венко Филипче, тие не се ставени на респираторни апарати.

Во моментов во дебарско се прави епидемилошка контрола, а состојбата ќе биде позната за неколку дена, бидејќи тоа е единственото место во моментов во Македонија каде имало локална трансмисија на вирусот.

Филипче информираше и дека се откажуваат сите хронични пациенти чија интервенција може да се доложи, како и прегледи, освен итните и неодложните хируршки интервенции, а хроничните пациенти терапијата која досега ја добивале од специјалистите, ќе можат да ја продолжат и на матичниот лекар. Ова мерка не важи за ново дијагностицираните пациенти. До матичните лекари денеска ќе биде доставена и листата на дијагнози на хроничните билести со кои ќе се ослободуваат од работа.

Министерот за здравство апелираше и до услужните дејности да ги заштитат своите вработени, но и клинетите од ширење на вирусот со заштитини мерки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *