ЛИДЕРСКА СРЕДБА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ – КАМПАЊАТА ЌЕ СЕ ВОДИ НА АЛТЕРНАТИВЕН НАЧИН

Корона вирусот и официјално ги седна на маса лидерите на најголемите партии со техничкиот премиер Оливер Спасовски откако дел од мерките и препораките кои важат до 24 и официјално стануваат забрана кога се во прашања големите собири и митинзи а во пресрет на прдвремените парламентарни избори. Лидерите се обврзуваат дека ќе ги почитуваат сите мерки и препораки а за евентуално одложување на предвремени парламентарни избори за сега не станало збор.

И претставниците на партиите од албанскиот блок велат ќе ги почитуваат сите одредби а за сите информации поврзани со нивните тековни активности ќе информираат преку пресконференции или изјави кои ќе се емитуваат на медиумите и социјалните мрежи.

Мерките и препораките кои за сега важат до 24 месецов практично ќе ги фатат и првите денови од кампањата . Сепак тоа и не значи дека тоа се финалните мерки и препораки но лидерите и партиите се обврзаа дека ќе ги почитуваат . За нови евентуални дополнителни мерки а поврзани со кампањата тековно ќе се информира во зависност од актуелните случувања со корона вирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *