Петкоска: Локалната власт не може да се справат ниту со депонијата Буково, исто како што не можат ни со дивоградбите

Додека градоначалникот Константин Георгиески дише чист воздух на Француските Алпи, граѓаните секојдневно сѐ повеќе и повќе се гушат. Локалната власт на СДСМ секојдневно депонира градежен шут и ѓубре на локацијата Мауцкер, иако тоа е забрането, истакна Лидија Петкоска, претседателка на УЖ Охрид и советничка во советот на општина Охрид.

Зошто покрај забраната и спротивно на законите повторно и повторно се одлага ѓубре на Мауцкер?

Ова ли се современите стандарди за одлагање отпад?

Зошто распишавте тендери и потрошивте милиони, а сликата од Мауцкер го кажува спротивното? За жал вистината е дека останаа само лажните изјави дека наводно е отстрането ѓубрето.

Зошто Георгиески не бара одговорност од директорот на ЈП „Охридски комуналец“, Љупчо Грданоски за што ги потрошија парите за дислокација на отпадот?

Градоначалникот Георгиески и локалната власт создаваат проблеми наместо да вложат напори за изнаоѓање на Локација за депонирање на градежен шут и цврст отпад со што би се решил проблемот со дивите депонии во околината.

Власта на СДСМ се однесува несериозно кон животната средина создавајќи депонија на Мауцкер и апсолутно не се грижи за зачувување на статусот на УНЕСКО.

Локалната власт и градоначалникот Георгиески не можат да се справат ниту со депонијата Буково, исто како што не можат ни со дивоградбите.

По 12 април нема да изостане одговорноста за сите непочитувања и прекршувања на законите, истакна Лидија Петкоска, претседателка на УЖ Охрид и советничка во советот на општина Охрид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *