Двајца македонски лекари кои биле во Мадрид се тестираат за корона

Двајца лекари на Клиниката за инфективни болести во Скопје се тестираат дали се заразени со коронавирус. Иако немаат никакви симптоми, тие ќе бидат тестирани затоа што присуствувале на конгрес во Мадрид, каде еден од предавачите бил заразен од корона вирусот. Министерот за здравство смирува, велејќи дека шансите лекарите да бидат позитивни се многу мали.

Филипче најави дека здравствената состојба на жената со коронавирус се подобрува. Досега се тестирани вкупно 13 лица, сите се негативни од вирусот. Симптоми на вирусот не покажувале ниту тие што се во изолација. Иако денес се очекуваше снабдување на училиштата со средства за дезинфекција, Филипче вели дека тоа ќе се случи во текот на неделата.

За време на викендот во Македонија пристигнаа околу 10 автобуси на граничниот премин Табановце, како и неколку патнички авиони на двата аеродрома во земјава, и сите патници биле интервјуирани – никој не е осомничен за коронавирус досега. Бројот на починати во светот е над 3.000 додека бројот на заболените само во Кина е повеќе од 88.000, додека во остатокот на земјата повеќе од 7.000. Во регионот на Европа досега бројот на заразени достигна над 2000.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *