Скандалозно: Министерство за култура финансира книга каде Македонија е наречена Источна Албанија

Минатата година финансираа песни за УЧК, годинава финансираат книги во кои Македонија е наречена Источна Албанија. Министерството за култура вчера ја објави листата за поддршка на проекти од национален интерес за 2020 година. Како и минатата година и оваа не може да не помине без скандали.

Така министерството за култура оваа година со 180.000 денари дава поддршка на книга која територијата на Македонија ja нарекува Источна Албанија.

Имено се работи за книгата на професорот по историја на Тетовскиот универзитет, Веби Џемаили насловена „Албанците од Северна Македонија(Источна Албанија) во борба за национална независност(1935-1945)“

Веби Џемаили во јавноста е познат по неговите ставови каде вели дека од Дебар до Велес никогаш не постоела Македонија, односно дека тоа е источниот дел на Албанија.

„Од Велес нагоре, Тетово, Дебар, Струга, Кичево, немало Македонија. Овие краишта биле албански источни краишта. Ние се соединивме во една заедничка држава во 1945 година под името Македонија“, изјави Веби Џемаили во едно негово гостување на национална телевизија.

Бидејќи министерството има наведено дека оваа година поддржани се издржани и добро аргументирани проекти, нејасно е како за министерството изедначувањето на Македонија со Источна Албанија е добар и издржан проект и на која држава и припаѓа министерството, на Македонија или Источна Албанија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *