Ѓоковиќ одржа емотивен говор и се сети на Коби

Србинот по завршување на мечот одржа емотивен шампионски говор и зборуваше за пожарите во Австралија, како и смртта на прославениот американски кошаркар Коби Брајант.

„Здраво на сите, сакам да почнам со честитки за Доминик Тим за неверојатниот турнир за него, денеска беше тежок мечот, беше блиску до победа, дефинитивно сум сигурен дека ќе освоиш многу гренслем-турнири. Голема почит до останатите луѓе од тимот на Тим. Како што кажа Тим, страшни работи се случија пред почетокот на турнирот. Имавме големи пожари во Австралија, ги следевме случувањата и се грижевме. Се случи и несреќата на мојот ментор Коби Брајант. Сакам да кажам дека ова е потсетување на важноста на семејството, ние сме дел од професионалниот спорт, се грижиме за вас, но важно е да бидете добри и се надевам дека вакви работи повеќе нема да се случат“, порача Ѓоковиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *