Коронавирусот не може да се дијагностицира кај нас, спремни ли сме само на зборови?

Македонските граѓани знаат како се спремни болниците во Србија и Хрватска, но не и Инфективната во Скопје.

Во земјава се уште не може да се дијагностицира новиот коронавирусот од кој во Кина досега починаа 259 пациенти, а заболени има и во неколку европски држави. На сомнителната пациентка од Штип всушност и биле направени тестови за други вируси за кои има реагенси во вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје, па таа било утврдено дека има грип. Директорот на ИЈЗ Шабан Мемети вели дека ниту земјите во регионот немаат реагенси за новиот вирус.

-Пациентката беше тестирана за други вируси, меѓу кои и тие од групата на коронавирусот. Веќе следната недела очекуваме да имаме реагенси за тестирање на новиот вирус. Има голема побарувачка за овие тестови сега секаде во светот  – вели Мемети.

Тој е дециден дека простор за паника нема, односно дека земјава е спремна за справување со евентуална појава на сомнителен или заболен пациент, како што вчера уверуваше и министерот за здравство Венко Филипче. Тој вчера рече дека се прават  подготовки за нешто што се уште немаме видлив и сериозен ризик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *