Јапонски јаболка – вистински извор на здравје

Јапонското јаболко е слатко есенско-зимско овошје. Бојата може да му варира од светло жолта, преку портокалова до темно црвена. За да ја добијат својата целосна арома, плодовите на јапонското јаболко мора да бидат зрели. Со созревање, плодот станува сочен, сладок и со пријатен вкус, и тогаш можете да го консумирате.

Плодовите се богати со витамин Ц и А, содржат калиум, калциум и железо, поради што благотворно делуваат на забрзување на метаболизамот. Изобилството на влакна во нив, ги прави сојузник во подобрување на работата на цревата, што за резултат има исфрлање на токсините од телото и успешно лекување на опстипацијата.

Јапонското јаболко е вистински извор на здравје, еве и зошто:

Превенција од рак

Јапонското јаболко е полно антиоксиданси како витамини „А“, „Ц“ и „К“. Антиоксидансите го штитат организмот од последиците на оксидативен стрес, што може да помогне во јакнење на имунитетот и одбрана од болести. Последиците од оксидативниот стрес често се поврзани со хронични заболувања, како срцеви болести и разни видови рак.

Варење

Јапонското јаболко е богато со диетални влакна кои се пресудни за добро функционирање на дигестивниот тракт. Диеталните влакна го стимулираат варењето и помагаат при проблеми со опстипација и поттикнување на цревата, што резултира со исфрлање на токсините од организмот.

Добар вид

Ова вкусно овошје, покрај витамините, е и одличен избор на зеаксантини. Овие антиоксиданси, кои често се нарекуваат „витамини за очи“ ги штитат очите од заболувања кои се карактеристични за постарите личности, како катаракта и макуларна дегенерација, немалувајќи ги ефектите од оксидативниот стрес.

Здраво срце

Неодамна направено истражување покажало дека јапонското јаболко содржи високо ниво на диетални влакна, минерали и феноли, кои се од пресудна важност во борбата против атеросклерозата (главна причина за срцеви болести). Научниците тврдат дека високата содржина од диетални влакна, феноли и минерали го прават јапонското јаболко многу пожелно во антиатеросклеротичните диети.

Добар имунитет

Еден плод јапонско јаболко содржи 12,6 мг витамин „Ц“, што е 21% од препорачливниот дневен внес на овој витамин. Со тоа, ова овошје го јакне имунитетот и го штити организмот од слободните радикали.

Слабеење

Јапонските јаболки се одличен извор на диетални влакна, со оглед на тоа што содржат 6 грама влакна во еден плод (24% од препорачаниот дневен внес). Диеталните влакна се клучни за слабеење бидејќи го забруваат метаболизмот и го намалуваат апетитот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *