Унгарија со пресврт до важна победа против Словенците

Унгарија е блиску да се пласира во полуфиналето на ракометното ЕП откако денес ја совладаа селекцијата на Словенија со 29:28. Групата 2 од втората фаза на шампионатот станува сè понеизвесна, а Словенците ќе жалат за нивното очајно издание во вториот дел.

Ракометарите на Врањеш имаа +3 во првите 30 минути, а потоа им се случи дебакл и постигнаа само три гола во првите 15 минути од второто полувреме. Сето тоа одеше во полза на Унгарија која постепено ја градеше победата и на крајот ја оствари.

Претходно Исланд славеше со 28:25 против Португалија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *