Тајните на женскиот мозок

Објавено во Препораки Вторник, 14 Септември 2010 01:40

За подобро разбирање на понежниот пол, еве факти кои мажите би требало да ги знаат...

Иако секое цивилизирано општество се обидува да се наметне на еднаквоста на половите, науката сугерира дека разликите меѓу нив се природни. Една од заблудите е тоа што машкиот и женскиот мозок се исти. Меѓутоа, како што тврдат невропсихијатрите, унисекс мозок не постои. Затоа, за подобро да се разбере понежниот пол, еве неколку факти за женскиот мозок, кои секој маж би требало да ги знае

Два пубертета

Никој тоа не го сака, бидејќи донесува физички и хормонални промени кои не само што создаваат чудно расположение, исто така повлекуваат и прашања за сопствениот идентитет. Жените поминуваат низ "вториот пубертет", кој уште се нарекува и менопауза, а почнува во нејзините четириесетти години. Почнува околу 43-тата година, а својот врв го достигнува во 47, 48 година. За време на оваа транзиција, женските хормони, толку лудуваат, што нејзиното расположение може да биде како онаа на тинејџерите. Времетраењето на менопаузата варира од 2 до 9 години, а повеќето ги напушта по педесетата година.

Лесно се лади

Женското либидо многу лесно се нарушува од она машкото. За жената да се расположи и да дојде до оргазам, одредени области од мозокот мораат да бидат угасени. И било која работа може повторно да ги "запали". Студиите покажале дека една жена може да одбие маж, затоа што е лута, чувствува недоверба, или дури и поради тоа што и е ладно на нозете. Бременоста, грижата за децата и менопаузата исто така имаат влијание на женското либидо. Најдобар совет за мажите? Планирајте. За мажите, предиграта е нешто што трае три минути пред сексуалниот чин. За жените, тое се, што се случува во последните 24 часа.

Различно реагира

Студиите за машкиот и женскиот мозок покажале дека различно реагираат на болка и страв. Женскиот мозок е повеќе чувствителен на овие стимули. Не само што е чувствителен на мали количини стрес, туку потешко функционира кога станува збор за поголема количина на истиот.

Многу е интуитивна

ВО текот на еволуцијата, жените морале да развиваат вештини за да го одржат новороденчето во живот. Тоа вклучува и спознавање на потребите на детето, како топлина, храна, дисциплина без директна комуникација. Тоа е едно од можните објаснувања зошто жените секогаш постигнуваат подобри резултати во однос на мажите на тестовите кои бараат препознавање на невербалните знаци. Жените не само што подобро го памтат физичкиот изглед, туку и точно ги идентификуваат невербалните пораки скриени во лицата, гестовите и бојата на гласот, наведува студијата.

Се менува постојано

Менструалните циклуси влијаат на жената секој ден. Нивото на хормоните константно се менува во женското тело и мозок, менувајќи го нејзиниот изглед, нивото на енергија и чувства. Десет дена по почетокот на менструацијата, токму пред овулацијата, жените се чувствуваат женствено. Несвесно облекуваат секси облека, бидејќи се предводени од хормонот на сексуални можности во текот на овој плоден период. Една недела подоцна, со зголемување на прогестеронот, хормон кој има сличен ефект како валиум, жените се чувствуваат успани и исцрпени. Следната недела, со повлекување на прогестеронот, може жените да ги направи ранливи и плачливи. И се така во круг.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.