Што е ДНК?

Објавено во Препораки Недела, 03 Мај 2009 17:40

ДНК е дел од келијата кој е сместен во стотиот дел од милиметарот.Сите облици на живот зависат од ДНК. ДНК ги програмира карактеристиките на секој организам.Таа одлучува за висината,бојата на косата,скелетот изграден од 206 коски,600 мускули,100 милијарди нервни келии и 120 милијарди метри крвни садови и капилари.Генетскиот материјал кој го контролира физичкиот процес на животот е кодирана информација.Тие информации се поткрепени со системите за пренос и дупликација ,кои се непходни за продолжување на животот.ДНК функционира спрема програмирани информации.Ниеден природен процес,не може сам од себе да произведе програма.

Програмата претставува серија од чекори направени со смисла за остварување на одредена цел.Да илустрираме,компјутерската програма е пример за таква програма.Меѓутоа,програмерите покажаа дека информациите не можат да настанат сами од себе.Овие години компјутерската технологија толку напредувала, така што многу информации можат да заземат многу малку место.До пред некоја година научниците успеале информациите во обем од 11,6 GB да ги соберат на помалку од 2см2.За колкава количина на информации се работи?

Количински,тоа се толку информации кои би можеле да ги сместиме како текст кој се наоѓа на куцани страници кои наредени една врз друга можат да достигнат висина од 18 спратови.Сите тие информации кои се наоѓаат на тие страници ,можат да се соберат во помалку од 2см2,што е отприлика големина колку ноктот на палецот.Тоа е врв во компјутерската технологија.Меѓутоа,тоа не може да се спореди со способноста на ДНК во келијата,да прими сложени генетски информации.Ако сакаме да ги прочитаме информациите во ДНК буква по буква генетските информации на микроскопски еднокелиски организам,би ни биле потребни 100.000 куцани страни.А кога сите ДНК од 100.000 милијарди келии во нашето тело би ги ставиле во еден ред,тогаш тие растојанието од Земјата до Месечината би го поминале повеќе од 500 000 пати.Дали можеме да речеме дека таквите разработени информации и сложени програми случајно настанале?

Над се, ДНК може да се умножува со помош на специфични супстанции кои само ДНК може да ги произведе.Па според тоа, од овие причини изгледа невозможно случајното настанување на ДНК.

А ако се шансите животот да настане од нежива материја еднакви на нула, тогаш не е сеедно во што ќе веруваме.Логично е цела наша доверба да ја укажеме на Бог кој не создал.

Давид во 139 псалм,13 и 14 стих кажува: „Зошто ти си ја создал мојата внатрешност и ме прифати од мајчината ми утроба.Те прославувам затоа што сум чудесно создаден.Прекрасни се твоите дела,душата моја тоа добро го сознава".

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.