Првоаприлски шеги

Објавено во Препораки Среда, 01 Април 2009 19:14

Денеска е најсмешниот ден во годината, ден одреден за правење шеги и досетки на сметка на најблиските, пријателите, колегите. Заборавете на грижите, политиката, беспарицата! Први април дочекајте го со насмевка и внимавајте некој да не ве излаже.

- Google ја продолжи традицијата на првоаприлски шеги и вчера на корисниците им понуди бесплатен и брз бежичен интернет низ - водоводните цевки! На страниците на Google беа поставени детални упатства како може преку ВЦ шољата и Windows Vista да се поврзете на интернет. Услугата е наречена TiSP (Toilet Internet Service Provider).

 

- Во 1962 година, државниот и во тоа време единствениот ТВ канал емитувал програма во црно-бела техника. Техничкиот експерт на ТВ станицата се појавил на вестите за да објави дека, благодарение на новите технологии, сите гледачи сега можат да ги претворат своите црно-бели телевизори во колор телевизори со еден многу едноставен марифет: треба само да навлечат најлонска чорапа преку телевизорот и тој ќе ја прикажува програмата во боја. Според телевизиската куќа, стотици илјади луѓе наседнале на оваа шега.

- Шегаџијата Порки Бика во 1974 година запалил неколку стотици гуми на врвот на вулканот Монт Едгекумбе, на Аљаска. Иако овој вулкан последен пат еруптирал пред повеќе од 2.000 години пред Христос, густиот црн чад што се издигнал високо на небото ги преплашил жителите.

- Пред 11 години, во 1998 година, билтенот „New Mexicans for Science and Reason" објавил вест дека сојузната американска држава Алабама изгласала закон со кој се променува вредноста на математичката константа π (пи), од нејзината сегашна вредност 3.14159 во нејзината „Библиска вредност" која изнесува 3.0. Веста брзо се раширила, стигнала на Internet, а оттука била публикувана на многу сајтови и препраќана по електронска пошта на милиони луѓе. Многу набрзо, стотици луѓе почнале да им се јавуваат на службите на Алабама со цел да дознаат повеќе за овој нов закон.

- Во 1995 година, магазинот Discover соопшти дека угледниот биолог Aprile Paco (името на италијански јазик значи „првоаприлска шега") открил нов вид на Антарктикот: животно на кое главата му се загрева и го крши мразот со огромна брзина, што претставува техника за лов на пингвини.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.