Подобро Масажа,отколку медикаменти

Објавено во Препораки Четврток, 26 Март 2009 15:33

Масажите ја намалуваат болката во постоперативниот период и помагаат за побрзо оздравување, потврдуваат...

...американските лекари.

Истражувањето е спорведено на 605 мажи на возраст од над 64 години, над кои биле извршени различни операции. На 200-та од нив е правена секојдневна дваесет минутна масажа на грбот. Сите тие изјавиле, уште на крајот од првата недела после операцијата, дека се чувствуваат многу подобро во споредба со останатите.

 

"Благодарение на масажата, целото тело се опушта. Температурата на телото се зголемува, се подобрува крвотокот, мускулите се раздвижуваат. На тој начин се стимулираат сите процеси во телото и пациентите се чувствуваат многу подобро", објаснуваат лекарите. Освен тоа, благодарение на масажата, во мозокот се испуштаат дополнителни хормони на среќата кои што дејствуваат благопријатно. Се разбира, сето ова не значи и крај на таблетите против болка.

"Нашата задача е да ги искористиме сите можни средства за намалување на болката, не само медикаментите. Тоа вклучува масажа, музика и други начини за релаксација кои што ќе помогнат пациентите да се опорават што е можно побрзо", објаснува д-р Мари Хан од универзитетот Џон Хопкинс.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.