Неколку илјади чекори дневно го спасуваат животот

Објавено во Препораки Петок, 26 Февруари 2010 13:31

Знаеме дека пешачењето е здраво, но се помалку го практикуваме тоа. Новото истражување повторно го свртува вниманието на пешачењето. Дека пешачењето е здраво покажува и истражувањето во кое учевствувале 60 илјади луѓе. Тие дневно оделе по 10 илјади чекори во рок од 8 месеци.
На крајот 67 од нив кажале дека се чувствуваат многу подобро. Имале повеќе енергија и помалку килограми. Оние кои имале проблем со крвниот притисок, сега им се исконтролирал и имале подобра крвна слика.
По осум месеци некои од нив имале и потенок струк, а половина од нив кажале дека се чувствуваат физички и психички подобро. Кај некој се намалил ризикот од срцев удар и од дијабетис тип 2.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.