Музиката како лек

Објавено во Препораки Понеделник, 01 Јуни 2009 10:43

Музиката има седативно дејство, ја поттикнува силата на имагинацијата, дава иницијатива, ја јакне волјата, ги ублажува болките, го намалува крвниот притисок, го намалува стресот и ги регулира сите аспекти на здравственото телесно функционирање.

 Во психијатријата терапијата со музика се применува како нова метода на лечење, а експертите избираат вид на музика соодветен со дијагнозата на пациентот. Звучните вибрации делуваат на дел од мозокот кој прима и предава информации добиени преку сетилата, така под влијание на лесни и пријатни мелодии се намалува лачењето на хормонот на стрес а се зголемува лачењето на природните аналгетици - ендорфинот - хормон на среќата.

Научниците неодамна утврдија дека музиката делува на нашите најдлабоки чувства на тој начин што со суптилни и позитивни вибрации воспоставува психичка рамнотежа и создава чувство на задоволство и радост.

Музиката не извлекува од сите состојби на меланхолија, ни ги ублажува страдањата, не релаксира и делува како лек.

Многу медицински експерти сметаат дека музиката чини чуда во ублажување на стрес, болка и страв и дека влијае на подобрување на расположението и стимулира позитивни емоции. Праксата на терапија со музика е воведена кога болниците забележале емотивно и физичко подобрување кое било поврзано со слушање на музика кај ранетите воени ветерани во текот на Втората светска војна, а во поново време оваа терапија се покажала ефикасна и кај луѓето кои имаат проблем да ги изразат своите чувства. Луѓето слушаат музика за да ја намалат нервозата, да се опуштат по напорниот работен ден, бидејќи од настанувањето на човековиот род музиката развеселува, смирува и доведува до состојба на возвишена медитација.

Древните Египјани употребувале ист хиероглиф и за музика и за уживање, а грчкиот лекар и филозоф Питагора ја препишувал музиката како лек.

Познато е дека музиката делува позитивно на несоницата, од тоа не е ни чудно ако во некоја аптека забележите дека се продаваат и ЦД-а од Моцарт, Бах или Бетовен, амбиентална музика, релаксирачки звуци на природата, специјална програма за бремени жени... На пример, Моцарт е познат под името „чистач на мозочните вијуги".

Меѓутоа, од сите музички правци рок музиката најексплицитно е поврзана со изразувањето на сексуалноста, а машкото идентификување со изведувачот е изразено не само во сексуални рамки, туку и како по слободно присвојување на доминација, моќ и сигурност.

Според некои експерти, музиката, меѓу останатото е и витамин за душата и влијае на зголемување на имунитетот, а кога ќе сфатиме колку позитивно влијае на здравјето, можеби во зимските студени денови со чаевите по често ќе ја конзумираме и класичната музика на Моцарт, Хајдн и Бетовен.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.