Лимон за стеснување на порите

Објавено во Препораки Сабота, 21 Февруари 2009 05:00

Кога порите се отворени, тие многу лесно се полнат со нечистотија, со што се создаваат акните и митесерите. Токму затоа се препорачуваат третмани за стеснување на порите. Сокот од лимон е одличен тоник за стеснување на порите.


Од вас зависи дали самите ќе исцедите лимон или ќе купите готов сок од лимон. Сепак, овој пилинг не треба да го користите пречесто и не треба да ви стои на лицето подолго од 5 минути, бидејќи може да се јави непријатно чувство на затегнатост и непријатност на лицето. Преку порите кожата дише, затоа не смеете, а и не можете потполно да ги затворите. По 5 минутно дејствување на сокот од лимон, измијте го лицето со топла вода.
Течната пудра е одличен регулатор на нечистотијата во порите. Таа во текот на денот не дозволува навлегување на прашина, сепак, во текот на ноќта порите треба да дишат, затоа навечер, пудрата треба да ја отстраните.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.