Препоракиhttp://mxradio.com.mk Sat, 16 Dec 2017 06:15:53 +0100Joomla! - Open Source Content Managementmk-mkЗшто е толку тешко да се ослаби?http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/preporaki/zshto-e-tolku-teshko-da-se-oslabi http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/preporaki/zshto-e-tolku-teshko-da-se-oslabi

Дали некогаш сте се запрашале зошто со текот на годините е се потешко да ја задржите посакуваната тежина, а и да ја изгубите?

Постојат луѓе кои вежбаат по еден час дневно и јадат храна со малку маснотии и никако не можат да ги намалат оние 3-5 килограми вишок. Како поминуваат годините приметуваат дека имаат поголема желба за слатки и храна која содржи повеќе маснотии. Повеќе се разболуваат.

Имаат се повеќе физички проблеми. Брзо се заморуваат и уморни се во поголемиот дел од денот.

Дали постои решение?

На вашите црева постојат испапчувања во форма на прсти кои се нарекуваат цревни ресички (villi). Низ нив се прави целата апсорпција на храна и течности кои ги внесувате во текот на денот. Со текот на годините тие се оштетуваат и кинат. Работи кои може да влијаат на нивното оштетување се:

• Стрес
• Алкохол
• Адитиви
• Лекови
• Пушење
• Масна храна
• Конзерванси
• Сол

Како тие се повеќе се оштетуваат, вашето тело се повеќе има тешкотии при апсорбирањето на нутриентите.

А што се случува кога вашето тело не може да ги апсорбира нутриентите од храната?

Најнапред, почнува да ви треба се повеќе храна - вашиот апетит се зголемува а се зголемува и вашата желба за јадење, бидејќи вашето тело има потреба од се повеќе нутриенти. Почнувате да посегнувате по маснотии и шеќер, бидејќи тие се најлесни супстанции кои во моментот вашето тело ги апсорбира. Чувствувате замор кога вашето тело не ги добива хранливите материи кои му требаат. Кога цревните ресички не се доволно здрави, вашето тело добива сигнали како да гладува и наместо да ја согорува маснотијата, ја складира. Може и да кажете, "Јадев навистина здрава храна, или јадев храна со малку маснотии, или јадев природна храна и земав витамини." Некои од вас можеби и вежбаат во теретана. Иако можеби и ги правите сите овие работи, сепак може да ви се јават сите симптоми кои ги опишавме. Најголемиот проблем најверојатно е токму апсорпцијата. Без разлика, колку здрава храна и витамини внесувате, ако вашето тело нема способност да ги апсорбира, тогаш залудно е и да се внесуваат.

Контрола на тежината од внатре

За да ја намалите тежината и да ја одржувате онаа тежина која ја посакувате, треба да го храните вашето тело на клеточно ниво. Тогаш тоа ќе може да ги обнови и регенерира цревните ресички до фаза на здрави, за да тие дојдат во состојба како кога сте биле млади.

Регенерирајте го вашите цревни ресички - Намалете ги килограмите!!!

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ПрепоракиSat, 21 Feb 2009 04:17:44 +0100
Дебелината и целулитот - тивко го нарушуваат здравјетоhttp://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/preporaki/debelinata-i-tcelulitot-tivko-go-narushuvaat-zdrav-eto http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/preporaki/debelinata-i-tcelulitot-tivko-go-narushuvaat-zdrav-eto

Секој од нас може да биде победник во борбата против целулитот и прекумерната тежина.Покрај генетските, психолошките и другите причини, прекумерната телесна тежина и целулитот се резултат на прекумерното внесување на калории, нездравата исхрана, неправилно комбинираните продукти во исхраната, како и нередовното чистење на организмот од отпадните материи. 

Стручњаците од Светската Здравствена Организација предупредуваат дека проблемот со дебелината не е само естетски, туку и медицински, бидејќи поради нередовното чистење на организмот од отпадните материи, неправилната исхрана и прекумерната дебелина, зголемен е ризикот од болести на срцето, дигестивниот систем, ракот, шеќерните болести, повишениот крвен притисок и други болести. Истражувањата покажале дека состојбата на токсичност во телото е темел на прекумерната тежина, а според мислењето на стручњаците денес е можно да се ослабе и без одрекување од храна и да се исчисти организмот со помош на природните производи. 

Многу жени имаат уште еден непријател – целулитот. Тој не е само естетски недостаток туку и вистинска болест, која може да го загрози и психофизичкото здравје на жената. 

Често доаѓа и до пореметување на циркулацијата, а кога е во таа фаза, целулитот најтешко се лекува. Но, целулитот не е естетски, туку и здравствен проблем. Многу жени не се свесни дека целулитот е причина за многу пореметувања како што се отекување на нозете и рацете, чувство на тежина, болки во колковите и зглобовите, чести кожни подливи и умор. 

За жал, многу од нас битката против преголемата тежина и целулитот ја сметаат за однапред изгубена. Но, не мора да биде така!

Здравјето е наше наследено право, а прекумерната телесна тежина НЕ Е ЗДРАВЈЕ! 

Што е всушност целулитот? 

Целулитот е дифузно воспаление на врзното ткиво од кое пати околу 80% од жените постари од 20 години. На појавата на целулит влијаат низа фактори како што се физиолошките процеси врзани за пубертетот, бременоста и климактериумот, хормонските пореметувања, прекумерната телесна тежина, неурамнотежената исхрана, недоволното пиење на течности, недостаток на физичка активност, пушењето, конзумирање алкохол, често носење на претесна облека, пореметување на дигестивните функции на организмот и стрес. 

Насобирањето на целулитот е спор процес кој се одвива во четири фази. 

Првата фаза на целулит се јавува кај многу млади луѓе, а го обележуваат насобрани течности составени од вода и маснотии кои се задржуваат во ткивото. Втората фаза на целулитот е карактеристична по ослабениот крвоток поради што во ткивото покрај целулитот се создаваат и купчиња од наталожени масни станици. Кога тој дел ќе се притисне, останува отсок од раката во него, но болка сеуште не се чувствува. Третата фаза на целулитот се одликува со зголемување на тврдото ткиво и маснотии кои ја спречуваат нормалната циркулација. Кај овој степен се јавува кожа која е типично налик на кора од портокал, а се чувствува и одредена болка на допир. Четвртата фаза на целулитот е карактеристична по видливото пореметување на кожата – продлабочувања и испакнатини, а при допир со рака може да се осетат тврди набирања на кожата кои се изразито болни.

Целулитот е, може да се каже, една од ноќните мори на модерната жена. Ретки се оние кои се среќни и кои не ги погодува овој проблем и кои пред да почне летото не стојат пред огледалото критички настроени, проценувајќи се себеси дали можат уште ова лето да прошетаат по плажа во бикини или дошло време за да се покријат со парео или кратки пантолони. Ако оваа ситуација ви е позната – ова е вистинското решение за вас. Секако, ако сте спремни да вложите труд, дисциплина и истрајност во неколку месеци борба против целулитот...

Немојте да заборавите: Слабеењето и отстранувањето на целулитот зависат најмногу од ВАС!

За жал, многу од нас битката против целулитот и преголемата тежина, ја сметаат за однапред изгубена. Но, не мора да биде така!

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ПрепоракиSat, 21 Feb 2009 04:25:01 +0100
Смоквата – храна и лекhttp://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/preporaki/smokvata-khrana-i-lek http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/preporaki/smokvata-khrana-i-lekКако хранливо и лековито овошје смоквата била позната дури пред 4000 години во Месопотамија, во Грција била основа на традиционалната исхрана, а во стариот Рим се сметала за свето овошје.

Смоквата е многу здрава, но и калорична. Сувиот плод содржи 50-70 отсто шеќерот, поради тоа не е препорачлива за дијабетичари. Во ова медитеранско овошје може да се најдат важните витамини од групата Б, витаминот Ц и бетакаротинот. Од минералите содржи калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо и бакар. Во сувите смокви има три пати повеќе магнезиум, отколку во свежите, минерал кој е неопходен за мускулите, крвните садови и нервите.

За лековитоста на смоквата постојат стари записи. Во светот е раширена употребата на смоквата како превентивно сретство против ракот. Смоквата со својот млечен сок има силно антисептичко и дезинфециско дејство, помага при појава на глисти и други цревни напасти.

Ова овошје лечи габични инфекции, плускавци, ги омекнува курјите очи. Смоквата е позната како благо сретство за чистење, притоа не создава грчеви и дијареа.

Помага при симнување на крвниот притисок, бидеќи е добар извор на калиум, минерал кој го контролира крвниот притисок, а може да биде од голема помош ако сакате да ослабите.
]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ПрепоракиSat, 21 Feb 2009 04:28:44 +0100
Лимон за стеснување на поритеhttp://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/preporaki/limon-za-stesnuva-e-na-porite http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/preporaki/limon-za-stesnuva-e-na-porite

Кога порите се отворени, тие многу лесно се полнат со нечистотија, со што се создаваат акните и митесерите. Токму затоа се препорачуваат третмани за стеснување на порите. Сокот од лимон е одличен тоник за стеснување на порите.


Од вас зависи дали самите ќе исцедите лимон или ќе купите готов сок од лимон. Сепак, овој пилинг не треба да го користите пречесто и не треба да ви стои на лицето подолго од 5 минути, бидејќи може да се јави непријатно чувство на затегнатост и непријатност на лицето. Преку порите кожата дише, затоа не смеете, а и не можете потполно да ги затворите. По 5 минутно дејствување на сокот од лимон, измијте го лицето со топла вода.
Течната пудра е одличен регулатор на нечистотијата во порите. Таа во текот на денот не дозволува навлегување на прашина, сепак, во текот на ноќта порите треба да дишат, затоа навечер, пудрата треба да ја отстраните.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ПрепоракиSat, 21 Feb 2009 05:00:50 +0100
Мед против митесериhttp://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/preporaki/med-protiv-miteseri http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/preporaki/med-protiv-miteseriСигурно сите ги знаете малите црни досади на носот... За жал, во поголема или помала мера, ги имаат речиси сите и тешко е за секогаш да се ослободите од нив. Сепак, тоа што можете да го направите е да го намалите нивниот број, со што ќе бидат помалку видливи. Врелиот мед е народен лек против овие мали црни проиблеми, наречени митесери.
Нанесете го на критичните места (носот, брадата, челото) и оставете го да дејствува 10 минути. Потоа измијте го со топла вода.
]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ПрепоракиSat, 21 Feb 2009 05:02:38 +0100
Дали лубеницата е подобра од водата?http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/preporaki/dali-lubenitcata-e-podobra-od-vodata http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/preporaki/dali-lubenitcata-e-podobra-od-vodata

Лубеницата освежува бидејќи содржи јаболкова и лимонска киселина.Таа содржи 95% вода. Додека консумираме лубеница, организмот мора прво да го свари влакнестиот дел составен од целулоза, па на тој начин телото постепено се снабдува со течност. Овој начин на снабдување со течности е многу покорисен за телото, отколку пиење чаша вода или која и да било друга течност за хидратација на организмот. Ова е позитивната страна на лубеницата.

Меѓутоа, нејзината негативна страна се состои во тоа што лубеницата содржи големо количество на шеќери. Токму затоа таа е еден од доста калоричните овошни плодови, според мене не соодветни во диетите за слабеење.
Хидратација на организмот или снабдување со шеќери?Изборот е ваш!
]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ПрепоракиSat, 21 Feb 2009 05:04:16 +0100
Здрава исхрана Како?http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/preporaki/zdrava-iskhrana-kako http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/preporaki/zdrava-iskhrana-kako

За да направите промена во Вашиот начин на исхрана, мора да бидете подготвени за тоа. Најнапред, мора да се решите за промена во начинот на исхрана и психички да бидете подготвени за истото.Ако секое утро како утрински ритуал Ви е кафето, обидете се пред кафето да испиете една чаша природно цеден сок со една лажица мед. Тоа ќе Ви помогне покрај конзумирањето на Ц-витаминот од сокот, преку медот да примите 60 различни позитивни компоненти од него.

Ако имате проблем со желудникот, секое утро на гладно земете 5-10 бадеми свежи, непечени и несолени- сирови. Со бадемите ќе ја неутрализирате киселината во желудникот.

Доколку Ве мачи опстипацијата, утринското кафе не би требало да биде Вашиот лаксатив. Вашата опстипација ќе ја реши само една супена лажичка лененово масло. А, кога сме кај маслата, за да си го заштитите кардиоваскуларниот систем, да си го подобрите врзивното ткиво и да го елиминирате стресот, напијте се една лажица ладно цедено нерафинирано сончогледово масло.

Овошјето најдобро е да го конзумирате во предпладневните часови , бидејќи апсорбцијата на сите корисни витамини на овошјата е најексплоатирана и најкорисна во утринските часови.

РАЗНОВИДНОСТА Е КЛУЧНА

Потрудете се во текот на денот да испиете од 2 до 3 литра течности. Течностите се состојат од природно цедени сокови, секогаш разблажени со вода. Тие може да бидат најразноврсни. Можат да бидат комбинирани од овошје или од зеленчук или комбинација од овошје и зеленчук. Изборот е Ваш. Соковите може да се пијат во текот на целиот ден, само не за време на оброк и еден час после оброк.

Потрудете се задолжително во текот на денот да имате 3 оброка. Македонската кујна изобилува со разноврсна и обилна гурманска храна. Вашата замисла околу готвењето може да биде креативна и разноврсна. Ако направите месечно мени на Вашата трпеза ќе изобилува македонска разноврсна храна. Задолжително со секој оброк мора да има свежа салата, која што мора да биде што поразноврсна и што побогата. На тој начин ги примате сите потребни минерали кои му се потребни на еден организам.
На пазарите може да се најдат најразноврсни зеленчуци кои можат да се комбинираат во зависност од Вашата желба, потреба и вкус.
Интересно и карактеристично е и тоа што, дури и брокулата може да се конзумира во свежа форма. На тој начин ќе се зачува и Ц-витаминот, бидејќи и со две минутно обарување може да се изгуби витаминот кој е термолабилен.
Вечерата треба да биде лесна, но никако да не се изоставува. Тоа значи дека, таа може да биде и свежа салата.
Па и тоа е оброк!

КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА КОЛАЧИТЕ, СЛАТКИТЕ, ТОРТИТЕ...

Можете да си направите еден ден за колачи, со тоа што следниот ден ќе морате да конзумирате свежо овошје и свеж зеленчук во неограничени количини.
Едно со сигурност треба да знаете е дека туршијата никогаш нема да може да ја замени свежата салата! Таа може да се конзумира само како додаток на јадењето.
Најдобро е во текот на неделата задолжително на трпезата да се има барем 3 пати риба, еднаш неделно грав и три пати неделно мешунки. Кога станува збор за житарката и за лебот тие треба да бидат застапени во исхраната отприлика два пати неделно во комбинација со мешунките.

Ако имате проблем со стрес можете да направите преубави чорби од житарки како што се: јачменот, просото, хељдата, овесот, ржот.
Ако Ви недостасува калциум не мора да го внесувате само со млечните производи, тоа можете да го сторите и со ореви.

ПРОМЕНЕТЕ ГИ СЕКОЈДНЕВНИТЕ НАВИКИ

Храната нека Ви биде ритуал и задоволство, но во умерена форма. Што и да јадете , што и да конзумирате, научете да уживате во храната, а да престанете со јадењето кога Ви е најслатко. Така нема да се прејадете, нема да имате тегови во желудникот и никогаш нема да имате проблеми со вишокот на килограми.
Ако сте љубители на тестенини и на месени продукти, пити, искомбинирајте ги секогаш со зеленчук .
Воспоставете си ред во исхраната, слушајте го организмот каква потреба има за храна. Дозволете си и бурек, ама не го конзумирајте секојдневно, само во оној момент кога вистински ќе го посакате. И за крај! И да решите да јадете бурек, направете го тоа во комбинација со свежа салата.

]]>

contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ПрепоракиSat, 21 Feb 2009 20:54:13 +0100
Подобро Масажа,отколку медикаменти http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/preporaki/podobro-masazha-otkolku-medikamenti http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/preporaki/podobro-masazha-otkolku-medikamenti

spa_massage_mastheadМасажите ја намалуваат болката во постоперативниот период и помагаат за побрзо оздравување, потврдуваат...

...американските лекари.

Истражувањето е спорведено на 605 мажи на возраст од над 64 години, над кои биле извршени различни операции. На 200-та од нив е правена секојдневна дваесет минутна масажа на грбот. Сите тие изјавиле, уште на крајот од првата недела после операцијата, дека се чувствуваат многу подобро во споредба со останатите.

 

"Благодарение на масажата, целото тело се опушта. Температурата на телото се зголемува, се подобрува крвотокот, мускулите се раздвижуваат. На тој начин се стимулираат сите процеси во телото и пациентите се чувствуваат многу подобро", објаснуваат лекарите. Освен тоа, благодарение на масажата, во мозокот се испуштаат дополнителни хормони на среќата кои што дејствуваат благопријатно. Се разбира, сето ова не значи и крај на таблетите против болка.

"Нашата задача е да ги искористиме сите можни средства за намалување на болката, не само медикаментите. Тоа вклучува масажа, музика и други начини за релаксација кои што ќе помогнат пациентите да се опорават што е можно побрзо", објаснува д-р Мари Хан од универзитетот Џон Хопкинс.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ПрепоракиThu, 26 Mar 2009 15:33:43 +0100
Првоаприлски шегиhttp://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/preporaki/prvoaprilski-shegi http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/preporaki/prvoaprilski-shegi

smeenje4Денеска е најсмешниот ден во годината, ден одреден за правење шеги и досетки на сметка на најблиските, пријателите, колегите. Заборавете на грижите, политиката, беспарицата! Први април дочекајте го со насмевка и внимавајте некој да не ве излаже.

- Google ја продолжи традицијата на првоаприлски шеги и вчера на корисниците им понуди бесплатен и брз бежичен интернет низ - водоводните цевки! На страниците на Google беа поставени детални упатства како може преку ВЦ шољата и Windows Vista да се поврзете на интернет. Услугата е наречена TiSP (Toilet Internet Service Provider).

 

- Во 1962 година, државниот и во тоа време единствениот ТВ канал емитувал програма во црно-бела техника. Техничкиот експерт на ТВ станицата се појавил на вестите за да објави дека, благодарение на новите технологии, сите гледачи сега можат да ги претворат своите црно-бели телевизори во колор телевизори со еден многу едноставен марифет: треба само да навлечат најлонска чорапа преку телевизорот и тој ќе ја прикажува програмата во боја. Според телевизиската куќа, стотици илјади луѓе наседнале на оваа шега.

- Шегаџијата Порки Бика во 1974 година запалил неколку стотици гуми на врвот на вулканот Монт Едгекумбе, на Аљаска. Иако овој вулкан последен пат еруптирал пред повеќе од 2.000 години пред Христос, густиот црн чад што се издигнал високо на небото ги преплашил жителите.

- Пред 11 години, во 1998 година, билтенот „New Mexicans for Science and Reason" објавил вест дека сојузната американска држава Алабама изгласала закон со кој се променува вредноста на математичката константа π (пи), од нејзината сегашна вредност 3.14159 во нејзината „Библиска вредност" која изнесува 3.0. Веста брзо се раширила, стигнала на Internet, а оттука била публикувана на многу сајтови и препраќана по електронска пошта на милиони луѓе. Многу набрзо, стотици луѓе почнале да им се јавуваат на службите на Алабама со цел да дознаат повеќе за овој нов закон.

- Во 1995 година, магазинот Discover соопшти дека угледниот биолог Aprile Paco (името на италијански јазик значи „првоаприлска шега") открил нов вид на Антарктикот: животно на кое главата му се загрева и го крши мразот со огромна брзина, што претставува техника за лов на пингвини.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ПрепоракиWed, 01 Apr 2009 19:14:34 +0200
Зошто имам вишок на килограми и слабо здравје? хмм...http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/preporaki/zoshto-imam-vishok-na-kilogrami-i-slabo-zdrav-e-khmm http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/preporaki/zoshto-imam-vishok-na-kilogrami-i-slabo-zdrav-e-khmm

hamburgerДебелината и склоноста кон одредени болести, не лежи само во тоа колку калории внесуваме и трошиме во текот на денот, односно каква храна консумираме, иако тоа е најважната работа која одредува дали сме слаби или не, односно дали сме здрави или не.

Едноставно на некои луѓе слабеењето им оди полесно, отколку на други. Тоа е така поради начинот на исхраната кој сме го практикувале во детството и кој во најголема мера не зависел од нас.

Прекумерните чоколади, бонбони, сладоледи, хамбургери... изедени во текот на детството, според ново истражување, кое го изненади научниот свет, ја утврди директната врска на склоноста на возрасните лица кон прекумерна тежина, со видот и количината на исхраната изедена во детството.
Исхраната влијае врз гените, кои контролираат како телото ги складира и користи нутриентите.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ПрепоракиSun, 19 Apr 2009 02:51:15 +0200