Дебелината и целулитот - тивко го нарушуваат здравјето

Објавено во Препораки Сабота, 21 Февруари 2009 04:25

Секој од нас може да биде победник во борбата против целулитот и прекумерната тежина.Покрај генетските, психолошките и другите причини, прекумерната телесна тежина и целулитот се резултат на прекумерното внесување на калории, нездравата исхрана, неправилно комбинираните продукти во исхраната, како и нередовното чистење на организмот од отпадните материи. 

Стручњаците од Светската Здравствена Организација предупредуваат дека проблемот со дебелината не е само естетски, туку и медицински, бидејќи поради нередовното чистење на организмот од отпадните материи, неправилната исхрана и прекумерната дебелина, зголемен е ризикот од болести на срцето, дигестивниот систем, ракот, шеќерните болести, повишениот крвен притисок и други болести. Истражувањата покажале дека состојбата на токсичност во телото е темел на прекумерната тежина, а според мислењето на стручњаците денес е можно да се ослабе и без одрекување од храна и да се исчисти организмот со помош на природните производи. 

Многу жени имаат уште еден непријател – целулитот. Тој не е само естетски недостаток туку и вистинска болест, која може да го загрози и психофизичкото здравје на жената. 

Често доаѓа и до пореметување на циркулацијата, а кога е во таа фаза, целулитот најтешко се лекува. Но, целулитот не е естетски, туку и здравствен проблем. Многу жени не се свесни дека целулитот е причина за многу пореметувања како што се отекување на нозете и рацете, чувство на тежина, болки во колковите и зглобовите, чести кожни подливи и умор. 

За жал, многу од нас битката против преголемата тежина и целулитот ја сметаат за однапред изгубена. Но, не мора да биде така!

Здравјето е наше наследено право, а прекумерната телесна тежина НЕ Е ЗДРАВЈЕ! 

Што е всушност целулитот? 

Целулитот е дифузно воспаление на врзното ткиво од кое пати околу 80% од жените постари од 20 години. На појавата на целулит влијаат низа фактори како што се физиолошките процеси врзани за пубертетот, бременоста и климактериумот, хормонските пореметувања, прекумерната телесна тежина, неурамнотежената исхрана, недоволното пиење на течности, недостаток на физичка активност, пушењето, конзумирање алкохол, често носење на претесна облека, пореметување на дигестивните функции на организмот и стрес. 

Насобирањето на целулитот е спор процес кој се одвива во четири фази. 

Првата фаза на целулит се јавува кај многу млади луѓе, а го обележуваат насобрани течности составени од вода и маснотии кои се задржуваат во ткивото. Втората фаза на целулитот е карактеристична по ослабениот крвоток поради што во ткивото покрај целулитот се создаваат и купчиња од наталожени масни станици. Кога тој дел ќе се притисне, останува отсок од раката во него, но болка сеуште не се чувствува. Третата фаза на целулитот се одликува со зголемување на тврдото ткиво и маснотии кои ја спречуваат нормалната циркулација. Кај овој степен се јавува кожа која е типично налик на кора од портокал, а се чувствува и одредена болка на допир. Четвртата фаза на целулитот е карактеристична по видливото пореметување на кожата – продлабочувања и испакнатини, а при допир со рака може да се осетат тврди набирања на кожата кои се изразито болни.

Целулитот е, може да се каже, една од ноќните мори на модерната жена. Ретки се оние кои се среќни и кои не ги погодува овој проблем и кои пред да почне летото не стојат пред огледалото критички настроени, проценувајќи се себеси дали можат уште ова лето да прошетаат по плажа во бикини или дошло време за да се покријат со парео или кратки пантолони. Ако оваа ситуација ви е позната – ова е вистинското решение за вас. Секако, ако сте спремни да вложите труд, дисциплина и истрајност во неколку месеци борба против целулитот...

Немојте да заборавите: Слабеењето и отстранувањето на целулитот зависат најмногу од ВАС!

За жал, многу од нас битката против целулитот и преголемата тежина, ја сметаат за однапред изгубена. Но, не мора да биде така!

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.