Дали лубеницата е подобра од водата?

Објавено во Препораки Сабота, 21 Февруари 2009 05:04

Лубеницата освежува бидејќи содржи јаболкова и лимонска киселина.Таа содржи 95% вода. Додека консумираме лубеница, организмот мора прво да го свари влакнестиот дел составен од целулоза, па на тој начин телото постепено се снабдува со течност. Овој начин на снабдување со течности е многу покорисен за телото, отколку пиење чаша вода или која и да било друга течност за хидратација на организмот. Ова е позитивната страна на лубеницата.

Меѓутоа, нејзината негативна страна се состои во тоа што лубеницата содржи големо количество на шеќери. Токму затоа таа е еден од доста калоричните овошни плодови, според мене не соодветни во диетите за слабеење.
Хидратација на организмот или снабдување со шеќери?Изборот е ваш!

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.