Знаете дека

Објавено во Околу вас Петок, 27 Февруари 2009 19:11

КАКО СЕ ЗАГАДУВА ВОЗДУХОТ ВО ОТВОРЕН ПРОСТОР

Зимскиот смог се создава кога маса ладен воздух лебди над еден дел од Земјината површина и на тој начин ги заробува загадувачките супстанции посебно јаглерод диоксид, азотните оксидати и цврстите честички.

Загадувачките супстанции кои се причини за појавата на зимскиот смог во најголема мера потекнуваат од процесите на согорување на фосилните горива како што се тоа во термоелектраните,градските топлификации,домашното греење,моторните возила,а во добра мерка и од индустријата. Смогот најчесто е присутен во густо населените места,градовите чиј број и големина расте се тоа како последица на современото живеење. Статистичките податоци покажуваат дека во градовите живеат живеат два од секои три Европејци. Зголемувањето на градовите и на густината на населението  од ден на ден станува се поприсутно и кај нас. Така да во период од 1971 до 2002 година, бројот на жители само во главнио9т град на Р Македонија, Скопје се зголемил за околу 20%, во Битола за околу 12 %, а во Тетово и во Гостивар за околу 33%. Во густо населените области на Централна и Источна Европа како што е тоа примерот со Република Чешка, Германија и Полска, зимскиот смог е многу честа појава, но зимскиот смог често се јавува и во нашите поголеми градови, а особено оние сместени во котлини опкружени со планини како, на пример, Битола и Скопје. 

 

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.