Влијание на хормоните

Објавено во Околу вас Сабота, 28 Март 2009 22:35

Истражувачите кои се занимаваа со прашањето за влијанието на хормоните врз животот на луѓето веќе долго време се сомневаат дека тестостеронот е виновен за однесувањето кое често пати го карактеризираме како 'машко'. Откриено е дека семејната среќа и цврстото партнерство влијаат на нивото на тестостерон кај мажите.

Кога мажот е оженет, т.е. во сериозна врка, вредноста на тестостеронот опаѓа и потоа повторно се покачува кога врската ќе заврши. На мажите кои се наоѓаат во предана врска полна со љубов, им се намалува нивото на тестостеронот во крвта. Истото се случува кога мажот љубовта му ја предава на своето дете. Значи се намалува нивото на машкиот хормон кој се грижи за либидото и се она што го прави 'машко'.
Природата со тоа што на мажите кои имаат семејство им го намалила нивото на тестостеронот го ориентирала мажот кон домот, за да не чувствуваат потреба за претерано парење, туку да се посветат и грижат на своето семејство. Одгледувањето на деца е долготраен и тежок процес - посебно ако тоа треба да го прави само една личност. Со тоа семејно ориентираните мажи со право имаат помало количество на тестостерон.
Студијата, за време на која се проучувало влијанието на сериозната врска врз нивото на тестостерон кај мажите ја извршиле антрополозите на универзитетот Харвард. Peter Gray и неговите колеги направиле истражување во кое учествувале 58 мажи, кои ги поделиле во 3 категории - самци, оженети мажи и оженети мажи кои имаат деца. Испитаниците биле на возраст од 20 до 41 година. Освен прегледот на мрсулите, со што се мерело нивото на тестостерон, испитаниците морале да пополнат и прашалник во кој биле прашувани за тоа колку време поминуваат со своите партнерки. Мажите кои повеќе енергија и време вложуваат во врската имале помала количина на тестостерон во крвта. Исто така важно е колку квалитетно време поминувате со партнерката. Улогата која ја преземаме и нашето однесување сепак не е само реакција на хормоните, туку и на средината во која живееме. Каква е ситуацијата со тестостеронот кај машките пигмејци од Африка кое поголемиот дел од времето го поминуваат со децата, или во пределите на Африка во кои овчарите се грижат за овците и козите и одвај ги гледаат своите деца.
Социјалното или економски окружување е важен фактор при проучувањето на хормоните. Не само кај мажите, туку и кај жените, нивото на хормоните се повисоко во западно индустриското општество, отколку во индустриски помалку развиените рурални општества.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.