Уловен е уште еден балкански рис во Македонија

Објавено во Околу вас Среда, 07 Март 2012 19:47

Македонското еколошко друштво (МЕС) утре ќе ги истакне податоците од ловењето на уште еден балкански рис-мажјак.

Ова е втор рис кој е уловен на територијата на Македонија за потреби на науката и му е поставен ГПС уред.

Од МЕС информираат дека рисот со име Ристе во понеделникот бил фатен со специјална замка поставена на планината Стогово на територијата на ловиштето „Душегубица“ во сопственост на Македонски шуми.

МЕС веќе шест години работи на Програмата за закрепнување на балканскиот рис. Првиот рис на кој исто така му беше поставен ГПС околувратник беше уловен во замка во март 2010 година во Националниот парк „Маврово“ по долината на Радика во близина на Сенце. Двете единки моментно се наоѓаат на слобода.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.