Сигурно знаете

Објавено во Околу вас Петок, 27 Февруари 2009 15:48

КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ

Луѓето сметаат дека чистиот воздух е најважен за добро здравје.Навистина се во право!

Сепак,вниманието на јавноста често се насочува кон важноста на квалитетот на воздухот во отворен простор(надворешен воздух),додека квалитетот на воздухот во затворен простор се потценува или пак сосема се заборава.

Квалитетот на воздухот е важен за човековото здравје

Воздухот е смеса на азот(78%),кислород (21%),јаглерод диоксид и некои инертни гасови.Воздухот содржи и водена пареа чие количество се менува во зависност од географската широчина на областа,близината на површинските води и др.

Воздухот, исто така, содржи голем број на штетни супстанции: природни загадувачки супстанции како што се прашината и вулканската пепел и загадувачки супстанции кои се создаваат како последица на човековата активност.

Постојат сигурно докази дека воздухот во затворените простории честопати е многу позагаден од надворешниот воздух. Ова загадување е опасно по здравјето,бидејќи луѓето најголемиот дел од своето време го поминуваат во затворен простор.Чистиот воздух е посебно важен за децата.Во споредба со возрасните,тие вдишуваат поголемо количество воздух во однос на нивната телесна тежина,а со тоа се зголемува опасностаод вдишување на поголеми количества загадувачки супстанции што се акомулираат во нивните тела.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.