Нашето тело старее!!!

Објавено во Околу вас Недела, 03 Мај 2009 15:28

Мозок. Над 20 та година почнуваат да изумираат милијарди неврони,со што слабеат помнењето и другите функции на мозокот. Бели дробови. Капацитетот на белите дробови се намалува над 20 та година и доаѓа до застој на здив по издишувањето. Срце Над 40 та година крвните садови ја губат својата еластичност,протокот на крв се забавува ,особено на ризик од заболувања се мажите над 45 години и жените над 55 години.

Желудник На околу 55 та година се појавуваат проблеми со дигестија,т.е заради забавување на метаболизамот односно на дигестивните сокови доаѓа до појава на опстипација.

Коски. Скелетот кај децата се обновува за две години, а кај возрасните процесот трае и до 10 години.Се до 20 та година густината на коските се зголемува , а по 35 та опаѓа.Поради хормонални промени ова особено ги погодува жените во менопаузакои имаат зголемен ризик од остеопороза.Со губењето на коскена маса се губи и од висината ,па така до 80 та година може да се изгубат и неколку сантиметри од висината.

Кожа Кожата е најголем показател на нашето стареење кое почнува некаде околу 20 та година.Се намалува производството на колаген и еластин што може да се види веќе и во 30 та година.

Коса Кај мажите косата старее околу 30 та година.Фоликулите како последица на тестостеронските осцилации се стеснуваат,влакното станува се потенко или се губи.Околу 35 та година доаѓа до обелување на косата заради опаѓање на активноста на меланоцитите ,клетки одговорни за пигментација на косата.

Бубрези Нефроните на бубрезите се намалуваат со текот на годините и околу 50 та година доаѓа до зачестено ноќно мокрење.Бубрезите на 75 годишен филтрираат половина од крвта на бубрезите на 30 годишен.

Црн дроб. Црниот дроб има фантастична регенератибна моќ што овозможува трансплатација на црн дроб од 70 год кај 20 год. Лице. Исто така црниот дроб може неколку месеци по оперативен зафат да порасне во својата големина.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.