Кога жената најмногу купува

Објавено во Околу вас Вторник, 31 Март 2009 23:37

Жените во ПМС повеќе одат во шопинг. Психолозите откриле дека жените се склони кон поголемо трошење на пари кога се приближуваат кон крајот на својот менструален циклус. Времето на менструалниот циклус се покажало дека има големо влијание врз расположението и апетитот на жената, а новата студија открила дека влијае и на склоноста кон потошувачка.

Стручњаците од универзитетот Хертфордшир тврдат дека во последните десет дена од менструалниот циклус жените се многу посклони кон шопинг.

Карен Пине, водач на студијата, тврди дека е можно жените да го користат шопингот како еден од социјално прифатливите начини на решавање на интензивните емоции до кои доаѓа за време на ПМС.

Последните денови жените се често под голем стрес или во депресивно расположение, па дури и имаат импулсивно однесување. Шопингот изгледа им помага да ги намалат и регулираат емоциите, заклучиле психолозите.

 

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.