Како да се одбегне ракот

Објавено во Околу вас Недела, 03 Мај 2009 18:17

Здравите луѓе обично многу малку мислат за болестите па така и за ракот, додека болните стануваат многу заинтересирани за своето здравје. За да ја спречиме болеста мораме на време да преземеме одговорни мерки а тие ни малце не се комплицирани.Постојат многу истражувања за тоа што се ја намалува можноста за добивање на рак или што се им помага на заболените против оваа болест.

Од советите кои во своите книги, ги изнесоа американските научници Џон Хопкинс,Ентони Сатиларо и Том Монте ги издвојуваме следните:

1.Престанете со пушењето и избегнувајте задимени простории како и улиците со многу смог.

2.Јадете повеќе  зеленчук како што се,  цвекло,зелка,брокули,магданос, лук,морков,ротквица, тиква, краставици...

3.Намалете ја количината на месото а зголемете ги интегралните житарици.Наместо бел леб користете интегрален.Се препорачуваат нерафинирани житарици:ориз,интегрална пченица,јачмен,просо, интегрална пченка, 'рж..

4.Јадењата од мешункасти растенија освен витамините имаат и многу протеини и препорачуваме соја, шарен грав,грав тетовец..

5.Од месото треба да се користи  месото од живина како и рибата.

6.Од додатоците на исхраната и зачините треба да се користат сусамовите семки,сончогледовите семки, маслиновото масло, лимоновиот сок,магданосот,оцетот од јаболка и ренот.

7.За десерт и пијалок со јадењето се препорачува овошје и овошни колачи со што помалку шеќер.Треба да се избегнуваат пијалоците со кофеин,вештачките додатоци и белим шеќерот.Алкохолот треба да се намали а ако веќе се пие се препорачува природно пиво и вино.

8.Постојаната физичка активност добра е за здравјето и за витката линија.

9.Работите на подобрување на вашиот имунолошки систем и со тоа се борите против сите болести па и против ракот.

10.Антиоксидантите, витамините и минералите а посебно витаминот Е,ја зголемуваат обрамбената моќ на организмот против ракот.

11.Замор , нервоза, стрес, огорченоста и стресот, ствараат во телото поволна клима за развој на ќелиите на рак.Затоа почесто одмарајте се, подобро планирајте ги активностите и бидете оптимист па ќе имате помалку здраствени проблеми.

12.Ќелиите на ракот не напредуваат во средина со многу кислород.Поради тоа вежбањето и шетањето по чист воздух со длабоко дишење ја уништува ќелијата на ракот и оневозможува нејзино развивање.

Запамтете ги овие совети,ускладете ги со вашите активности и ќе бидете здрави и расположени.

Овие се совети за здравите но се препорачуваат и за оние кои се заболени и веќе користат терапија.А овие совети даваат чудесни резултати.

 

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.